Колев: „Велес е во сигурни раце“- ВМРО ДПМНЕ прогласи победа во прв изборен круг (фото и видео)

Кандидатот за втор градоначалнички мандат Марко Колев пред партиското седиште на ОК на ВМРО ДПМНЕ се обрати, вечерва, пред Велешани кои дојдоа да ја прослават победата во првиот круг на Локалните избори 2025. Колев рече дека победата е историски резултат, убедлива, со над 10.000 гласови разлика, стабилно мнозинство во Совет на Општина Велес и порача дека Велес е во сигурни раце. Колев додаде:
Видео материјал на Радио Голди
Носителот на Листа со кандидати за советници, Даниел Јаневски пред Велешани рече дека историски успех е и бројот на членови на Совет на Општина Велес во наредниот четири годишен мандат. Заблагодарувајќи се на довербата Јаневски додаде:
Видео материјал на Радио Голди
Колев и Јаневски додадоа дека започнуваат уште од утрешниот ден со реализација на проектите во Изборната програма со која го освоија апсолутното мнозинство во Велес на осмите Локални избори.
Убавка Јаневска


