Колев: За околу четири месеци, три екипи на Телеком, ќе ги променат сите 4. 695 улични светилки во Општина Велес (видео и фото)

Објавено на 22 јануари, 2025 во 17:19

На третиот ден од започнатата реализација на проектот за замена на старите со лед улични светилки Градоначалникот Марко Колев со оптимистичка прогноза дека велешани во сите делови на градот, за најмногу четири месеци, ќе имаат улично осветлување што е неколку пати по квалитетно од постојното. Овие сијалици се со бела наместо старите со жолта светлина. Новото улично осветлување е далеку поекономично, рече Колев, и ќе учествува во намалувањето на севкупните трошоци за оваа давачка.

Станува збор за нови и паметни светилки, се вградува нова електронска опрема за далечинско управување и се поставуваат улични сандачиња за надгледување на процесот на електричната енергија, поставено се е во софтвер и на мапи за полесно управување рече Марјан Богатиновски главен Комерцијален директор на Телеком.

Според Градоначалникот Колев и директорот Богатиновски ова е голем проект со вредност на склучен Договор од вкупно 90 милиони денари. Општината ќе го плаќа од буџетот цели три години или месечно по 2,5 милиони денари. Производител на уличните светилки е србската фирма “Шредер“ од која пред седум години општината купи и постави помала прва количина на светилки.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.