Креативен Halloween ден во Велес – заедничка работилница на Младински центар и Јуроп Хаус

Објавено на 31 октомври, 2025 во 12:43

Просторијата на Јуроп Хаус Велес се претвори во вистинска Halloween уметничка лабораторија. Просторот оживеа во духот на празникот – исполнет со насмевки, боички и безгранична имагинација. Ученици на возраст од 11 и 12 години беа дел од работилница каде создаваа свои „страшно убави“ маски. Со хартија, боја, ножички и многу смеа, тие успеаја да претворат обични материјали во уникатни дела кои зрачеа со оригиналност и креативен дух.

Додека низ просторијата одекнуваше весела музика, секое дете внесуваше дел од својата имагинација во маската што ја изработуваше. Резултатот беше шарен и полн со живот – од мистични суштества и симпатични духчиња до храбри јунаци и фантастични ликови инспирирани од Halloween. Работилницата беше организирана од страна на Младински центар Велес заедно со Јуроп Хуас.

-Работилницата заврши со мини парада на маски, на која секој учесник гордо ја претстави својата креација. Аплаузите, насмевките и детската возбуда беа најубавиот доказ дека уметноста е највесела кога се создава со срце, објасни Ивана Јордева од Младински центар Велес.

Настанот уште еднаш покажа колку е важно да им се даде простор на децата да се изразат, да создаваат и да се забавуваат заедно. Јуроп Хаус Велес и оваа пат успеа да го претвори просторот во место каде што креативноста и заедништвото ја создаваат вистинската магија.

Стефани Манева

фото:

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.