„Кристал 1923“ повторно со поддршка за најранливите семејства во Велес
Објавено: 19 декември, 2025, во 15:57 часот
Компанијата „Кристал 1923“ во духот на солидарноста и општествената одговорност реализираше хуманитарна активност во Велес со којашто посети и поддржа неколку од најранливите семејства.

Активноста беше спроведена директно на терен, каде што на семејствата им беа поделени пакети со основни прехранбени производи. Со оваа иницијатива, „Кристал 1923“ уште еднаш покажа дека е компанија која не само што гради доверба преку своите производи, туку и активно се грижи за локалната заедница во која што работи.

Оваа хуманитарна акција е дел од пошироката заложба на компанијата да биде присутна таму каде што помошта е најпотребна, особено во периоди кога голем дел од граѓаните се соочуваат со социјални и економски предизвици.

Преку вакви конкретни дела, „Кристал 1923“ испраќа силна порака дека корпоративната одговорност не е само збор, туку континуирана практика. Истовремено, ваквите примери претставуваат поттик и за другите компании и поединци да се вклучат како и да дадат свој придонес во градењето по солидарно општество.

Активноста беше спроведена во соработка со Меѓуопштински Центар за социјална работа – Велес, којшто помогна во идентификување на семејствата на кои поддршката им е најпотребна.
„Кога хуманоста е искрена, насмевките зборуваат сами!“
ПР текст


