Кривична пријава против лице од Неготино за криумчарење мигранти и фалсификување документи

Објавено на 15 мај, 2025 во 12:13

Регионалниот центар за гранични работи Југ – Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава по итна постапка против 25-годишниот Ј.К. од Неготино. Тој се сомничи за сторени кривични дела „криумчарење мигранти“ и „фалсификување исправа“.

Според информациите од МВР, пријава следи по спроведени мерки и активности во врска со случај кој се случил на 12 мај, годинава, во близина на граничниот премин Богородица. Во непосредна близина на патничко возило марка „Ауди“ со швајцарски регистарски ознаки, кои, како што е утврдено, припаѓаат на друго возило, биле пронајдени четири женски лица – мигранти од Кина, од кои едната била во бессознание.

Ј.К. бил лишен од слобода на 13 мај во Неготино, поради сомнение за негова инволвираност во случајот. По презентирање на доказите, судија на претходна постапка му одреди мерка домашен притвор во траење од 30 дена.

Од МВР информираат дека продолжуваат со активностите за целосно расчистување на случајот, како и за утврдување на можни соработници или поширока мрежа поврзана со криумчарење мигранти во регионот.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.