Кривична пријава против Велешанец за оружје и куршуми за кои немал дозвола
Објавено на 29 октомври, 2025 во 12:08

Сектор за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против А.З.(45) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
-На 9 февруари годинава, полициски службеници извршиле претрес во домот на првопријавениот, при што биле пронајдени и одземени две ловечки пушки, ловечки карабин, два пиштола, 146 куршума, 21 ловечки патрони, расклопен ловечки карабин и репетирачка пушка, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


