Кривична пријава за кавадарчанец кој со закани со пиштол украл пари од продавница
Објавено на 13 јуни, 2025 во 15:29

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кавадарци против 37-годишниот М.Н. од Кавадарци, под сомнение дека сторил кривично дело разбојништво, казниво по член 237 од Кривичниот законик.
Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 4 јуни 2025 година околу 23:10 часот, кога пријавениот влегол во тобако продавница во Кавадарци. Под закана со пиштол, тој од вработената насилно одзел пари од дневниот промет, по што побегнал од местото на настанот.
Полицијата презела брзи мерки и во координација со Јавното обвинителство започнала истрага. М.Н. е идентификуван и против него е поднесена соодветна кривична пријава.
Дума.мк
