Кривична пријава за кавадарчанка која со тврд предмет ја нападнала нејзината мајка

Објавено на 10 септември, 2024 во 16:07

Одделение за внатрешни работи Кавадарци до Осново јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против триесет и две годишната кавадарчанка В.Ѓ.М поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело обид за убиство при семејно насилство, казниво по член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Од Сектор за внатрешни работи Велес соопштија дека кавадарчанката со тврд предмет ја нападнала нејзината 60 годишна мајка и и нанела тешки телесни повреди кои биле констатирани во болницата во Кавадарци. Случајот бил пријавен, ноќеска, три часа и 15 минути по полноќ.

Кавадарчанката В.Ѓ.М. била лишена од слобода и по документирање на случајот поднесена е кривичната пријава.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.