Кривична пријава за орешанец којшто извршил тешка кражба

Објавено на 21 јуни, 2022 во 09:56

Сектор за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против педесет и три годишниот Ѓ.П од село Ореше, Општина Чашка поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела и тоа „тешка кражба“, „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“ и ,,непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

– Пријавениот, на 13.06.2021 во периодот од 00.00 до 04.00 часот во Велес, со употреба на сила и тврд предмет извршил тешка кражба во куќата на Н. Г., одземајќи три пушки, кои со дозвола ги поседувал оштетениот, пишува во дневниот билтен на Министерство за внатрешни работи.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.