„Куршуми над Бродвеј“ во режија на Ненад Витанов, вчера вечер, на Фестивалот „5РЕ“ (видео и фото)

Објавено: 1 април, 2026, во 10:05 часот

Велешката публика имаше можност да ја проследи претставата „Куршуми над Бродвеј“ работена според текст на Вуди Ален и Даглас Мекграт, вчеравечер, на сцената на НТ „Јордан ХК Џинот“. Претставата која што од критиката е оценета како нова хит-претстава на Драмски заслужено ги собра овациите и аплаузите и во велешки театар. Актерската екипа брилјираше на сцената и не само што ја воодушеви и насмеја туку и ја натера публиката длабоко да размисли за моралните вредности.

На самиот почеток, мегу првите сцени во претставата, актерот Роберт Вељановски, кој го игра ликот на директорот на бродвејскиот театар „Мороско“, Џулијан Маркс, изговара реченица од текстот „ Театарот е уметност на невозможни решенија…“ што во суштина коресподира со целата приказна за моралните и реалните „убиства“ зад сцената, за спојување на мафијата и уметноста, со цел една претстава да стане хит, и затоа публиката ја проследи во еден здив.

Тоа најпластично го објасни актерот Сашо Тасевски одговарајќи на новинарски прашања,вчера вечер, по завршување на претставата. Сепак Тасев велешката публика ја окарактеризира како сериозно култивирана која поседува чувство за претстава, за лик и не е случајно, според него, што Велес доби театарска зграда каква што му прилега.

Во претставата „Куршуми на Бродвеј“ настапија актерите Игор Стојчевски, Сашо Тасевски, Јелена Жугиќ, Александар Степанулески, Јована Спасиќ, Александра Павлова – Бубања, Предраг Павловски, Калина Наумовска, Роберт Вељановски, Златко Митревски, Ања Митиќ, Денис Абдула, a гостуваат и двајца студенти по актерска игра.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.