Лажна е пријавата за бомба во училиштето во Кавадарци

Објавено на 12 декември, 2022 во 14:09

Направени се сите потребни проверки во врска со денешната пријава од училиштето во Кавадарци дек не електронската адреса била испратена закана за поставена експлозивна напрва. Од Министерство за внатрешни работи соопштија дека станува збор за лажна пријава.

-Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и по извршени проверки утврдено е дека станува збор за лажна пријава, велат од полицијата.

Ова е втор пат како дојави за бомби пристигнуваат на адреса на училишта во Кавадарци. И за претходната беше утврдена дека е лажна.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.