„Леов Компани“ излага на саем во Милано

Објавено на 29 јуни, 2022 во 10:01
Фото: Штандот на „Леов Компани“ на саемот „Fiera milano mostra convegnio 2022“

Најголемиот саем на опрема за греење,климатизација водоводни инсталации во Европа „Fiera milano mostra convegnio 2022“ во Милано започна вчера, 28 јуни и на еден од штандовите излага македонската компанија „Леов компани“ од Велес.

Ова е шесто, по ред, учество на овој познат македонски производител на бојлери на саемот на кој со присуството го потврдува квалитетот на асортиманот на производи на европскиот пазар,каде редовно извезува повеќе од 20 години. Штандот на компанијата е со број П12 и се наоѓа во хала број 5.

Годинава на познатата саемска манифестација, „Fiera milano mostra convegnio 2022“ во Милано  изложуваат и се преставуваат вкупно 146 европски компании чии штандови се поставени на површина од 753.000 м2.

Саемот „Fiera milano mostra convegnio 2022“ во Милано ќе трае до 1 јули, годинава. Повеќе информации на https://rxglobal.com/

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.