Летово, најрано пливање и разладување во Градски базен Велес од средината на месец јули

Сеуште траат санирањата на техничко машинската опрема под и отстранувањето на дефекти , меѓу кои и електрични, околу базенот. Според новиот закупувач станува збор за поголем број на дефекти и недостатоци за да се стави во употреба Градски базен Велес. Сопственикот на скопската фирма „Луксор оптик“, Љупчо Василевски, тврди дека тоа биле причините за поместување на почетокот на годинешната капачка сезона во Велес.
-Најрано што планираме да го ставиме во функција базенот би бил периодот помеѓу 15 и 20 јули, годинава. Поправките се причина за постојано одлагање. Се додека не обезбедиме целосна безбедност на просторот, којшто го земавме под закуп на пет години и искрено не очекувавме да има ваква запуштеност, неможеме да дозволиме капење на граѓаните, додаде Василевски.
Тоа што засега е дефинирано од фирмата закупец е дека штом биде пуштен во употреба на Градски базен Велес дневниот билет за капење ќе чини 150 денари. Цената на месечниот билет набрзо ќе биде соопштена и ќе нема сезонска влезница бидејќи периодот за капење годинава е пократок од планираниот.
Според Василевски сигурно е дека освен дневното капење Градски базен на велешани во вечерните часови ќе им понуди забави се додека дозволуваат временските услови што значи до крајот на месец септември.
Убавка Јаневска
