Левица: Коалицијата СДС-ДПМНЕ-ДУИ изгласа незаконска албанска паралелка во Велес
По августовскиот обид, насилно и незаконски да се оформи паралелка на албански наставен јазик во велешката гимназија „Кочо Рацин“ ,составена од ученици со помал број бодови отколку што е предвидено со Конкурсот за упис, министерот Шаќири не се откажува од своето самоволие, пишува во денешното соопштение за јавност на локалниот огранок на Левица во Велес .
„Овојпат на удар е економското училиште „Јовче Тесличков“ во Велес. Иако во конкурсните услови е прецизно предвидено дека за упис во гимназија, како и во паралелки од здравствена и економска струка неопходно е учениците да имаат најмалку 60 поени, министерот дал согласност во училиштето да се изврши упис на ученици кои имаат и под 40 поени!,“ реагира Левица.
Според оваа политичка партија,партиципент во Советот на Општина Велес со тројца советници, кои на вчерашната седница гласале против станува збор за „незаконската одлука на најнеспособниот министер за образование“ иако била изгласана.
„Советниците на криминалната оска ДПМНЕ-ДУИ-СДСМ се ставија на страна на беззаконието што го промовира министерот Шаќири и гласаа ЗА оформување ваква паралелка. Советниците од Левица гласаа ПРОТИВ и денес ќе поднесат пријави до Државниот просветен инспекторат и до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, бидејќи ваквото самоволие ги става во понеповолна ситуација сите ученици кои биле одбиени за упис во споменатата струка, додава Левица.
Од политичката партија упатија јавно прашање за претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски за какви заткулисни договори преговарал со „квинслишките партии на СДС и ДУИ“ и што ќе добиел за возврат, за легитимирањето на ваквата штетна и незаконска одлука? Левица смета дека уште еднаш се потврдил нејзиниот став дека овие три партии биле здружени во рушењето на македонската државотворност и дека сите заеднички сносат одговорност за бришењето на конститутивните елементи на Републиката.
Убавка Јаневска