Ликовен салон Велес: Oтворање на изложба „Нa земјата – ѕвезди, на небото – светулки“ на академската сликарка Катерина Поп-Арсова

Објавено: 11 август, 2026, во 10:55 часот

Катерина Поп-Арсова е родена скопјанка и дипломец на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот Графика, со конзервација и реставрација, во класата на проф. Димитар Малиданов. Авторката на изложбата „Нa земјата – ѕвезди, на небото – светулки“ во своето творештво ја негува природата како главна инспирација, а својот ликовен израз го определува како магичен реализам.

Во нејзините дела, пејзажот станува повеќе од приказ на природата поточно простор на сеќавање, созерцание и внатрешно доживување. Планините, ноќните предели, ѕвездите и светулките создаваат мистичен свет во кој се преплетуваат земното и небесното, а особено место има Богомила, која за уметницата е силен извор на инспирација.

Посетителите на отворањето на изложбата, во среда, на 12 август, со почеток во 20:00 часот ќе имаат ретка можност да го откријат тивок и ѕвезден свет на триесет и шест годишната академска сликарка во кој природата станува чувство.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.