Лишен од слобода крадец во Неготино, заработи кривични пријави и заврши во притвор
Објавено: 4 октомври, 2025, во 17:31 часот
Полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Неготино, вчера утро, во Неготино го лишија од слобода С.Д.(29) од Неготино, поради основи на сомневање за сторени четири кривични дела.
-Кривичните дела се „одземање на моторно возило“ по член 242 од КЗ, две кривични дела „кражба во обид“ по член 235 став 5 во врска со став 1 од КЗ и едно кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од КЗ, сите извршени на територија на Неготино. Против С.Д. се поднесени кривични пријави, а судија на претходна постапка во Основен суд Неготино му изрече мерка притвор во траење од осум дена, по што С.Д. е спроведен во Казнено поправната установа Затвор Гевгелија, соопшти портпаролката Биљана Ѓаковска на Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


