Лишен од слобода возачот што прегази малолетничка во Велес

Објавено на 19 декември, 2022 во 12:51

Од Сектор за внатрешни работи Велес соопштија дека денеска, 19 декември, во 11:30 часот, по преземени мерки и активности полициски службеници го лишеле од слобода дваесет и девет годишниот А.Н од Велес којшто на пешачки премин со возило удри во малолетничка и побегна.

По него се трагаше два дена откако на 17 декември, околу 22:15 часот на улица „Борис Трајковски“ во Велес со патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки удри во пешаците Е.И (43) и нејзината малолетна ќерка, по што девојчето почина на местото на несреќата а нејзината мајка се здоби со повреди.

А.Н е приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.