Лишени од слобода двајца велешани
Објавено на 4 април, 2022 во 12:16

Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, час и половина по полноќ, ги лишеле од слобода дваесет и три годишниот Д.М и една година помладиот Ј.В од Велес. По извршени проверки, во нивна близина полициските службеници пронашле марихуана којашто тие претходно ја фрлиле.
– Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, пишува во дневниот билтен на Министерство за внатрешни работи.
