Љупче Ставрев, Давид Шишков и Андреј Андовски од ЗГ Велешки акцијаши – носители на Штафета на младоста во Скопје (видео и фото)
Објавено: 25 мај, 2026, во 15:48 часот
Граѓанското здружение „Титови леви сили“ од Скопје, денеска, го одбележаа 25 Мај – Денот на младоста во поранешната држава, СФР Југославија и роденденот на нејзиниот претседател Јосип Броз Тито. Настанот го поддржаа и на него учествуваа поранешните младинци и бригадири а сега акцијаши ветерани на граѓанските здруженија „Скопски Акцијаши“ и Велешки Акцијаши“.
Одбележувањето се случи пред споменикот на Јосип Броз Тито пред скопската Гимназија која го носи неговото име. Тоа е традиционален настан, кој што се одржува секоја година, на 25 мај, кога ео интонираТ химната на СФР Југославија и на Република Македонија како и се носи Штафета на младоста која се остава на споменикот на Јосип Броз Тито.

Годинава тројца велешани. Од подмладокот на ЗГ „Велешки акцијаши“ ја донесоа и положија Штафетата на споменикот на единствениот југословенски претседател – Тито. Тоа се Љупче Ставрев, Давид Шишков и Андреј Андовски. Потоа следеше пригодниот говор за ликот и делото на Јосип Броз Тито.

Се до пред две години овој настан го привлекуваше вниманието на јавноста. Од минатата година тоа веќе не е така. Пред бистата се собираат најголемите почитувачи и нема присуство на јавноста. Годинава нема информација ниту за одржување на втор настан, во источна Македонија којшто беше организиран по повод 25 Мај и во чест на ликот и делото на Јосип Броз Тито.
Убавка Јаневска


