Лозаропроизводителите од Тиквешијата за првпат на работилници учествуваат во постапката на формирање на цената за килограм грозје

Додека лозаропроизводителите ја очекуваат одлуката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во Тиквешкиот лозарски регион, лозарите на работилници за утврдување на производствена цена на килограм грозје. Вчера вечер беа одржани две работилници, по една во Кавадарци и во Неготино.
На работилниците пред лозаропроизводителите беше претставена методологијата на формирањето на производната цена за килограм грозје од страна на стручните служби на Земјоделски институт при Универзитет ,,Свети Кирил и Методиј”.
Според преставниците на Институтот во тек е одржување на поголем број на работилници со лозари низ државата на коишто им се дава можност и тие да учествуваат во формирањето на производната цена на килограм грозје. Експертите соопштија дека се надеваат на присуство на што поголем број на лозари за да дадат свој придонеси при формирањето на производната цена.
-Колку пореални ќе бидат податоците што ќе ги дадат лозарите во анкетните прашалници, толку пореална ќе биде утврдената производствена цена за килограм грозје од најзастапените сорти „вранец” и „смедеревка”, истакнаа преставниците на Институтот
Согласно закон, Мнистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство треба да ја соопшти цената до 15 јули, во тековната година.
А.Д
