Лозово подготвено за Овчеполскиот Гроздобер – празник на виното и традицијата

Објавено: 27 август, 2025, во 12:14 часот

Со мирис на зрело грозје, вкус на домашно вино и звуци на традиционална и современа музика, Општина Лозово подготвена е за престојниот „Овчеполски Гроздобер 2025“, кој ќе се одржи на 6 и 7 септември. Настанот добива препознатлива традиционална вредност затоашто го слави најголемото богатство на регионот – плодна земја, вредни луѓе и вековна винска култура.

Дводневниот настан ќе биде исполнет со богата културна и забавна програма, која ќе ги спои традицијата и современоста. На 6 септември, присутните ќе имаат можност да уживаат во настапот на Фолклорниот ансамбл „Кочо Рацин“ од Лозово, кој ќе ја претстави македонската народна уметност преку музика, оро и песна, пренесувајќи ја магијата на фолклорот низ генерации. Вечерта потоа, на 7 септември, публиката ќе ја забавува еден од најпопуларните музички состави на македонската сцена – Амадеус Бенд, кои ветуваат вистински музички спектакл под отворено небо, со многу енергија и позитивна атмосфера.

-Со секоја чаша вино од Општина Лозово, може да се вкуси радоста од богатството на земјоделскиот раскош на регионот, создадена од рацете на локалните жители кои ја работат и ја берат секоја година со љубов и страст. Овој регион има несомнено потенцијал да се развие во важен хубли за винската индустрија на Република Македонија и да привлече туристи со своите вински туризам и уживање во богатите гурмански и културни доживувања, изјави Бошко Цветковски градоначалник на Општина Лозово.

Различните видови на вино од овој регион го отсликува автентичниот карактер на Овчеполието и на најдобар начин ја преставува македонската винска традиција.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.