По шест месечна работа Санде доби отказ од Сахара груп
Санде Стојанов од Каратманово остана без работа, откако фирмата на индискиот бизнисмен Субрата Рој не му го продолжи договорот. Човекот чија трогателна приказна за сиромаштијата во која живее неговото многудетно семејство ја потресе јавнсота денеска добил известување дека ова е послендата негова плата од Сахара Груп. Објаснување зошто не му е продолжен шестмесечниот договор нема.
„Се јавив на претпоставената во преставништвото на фирмата во Штип, ми рече за тоа ќе за тоа ќе ме известат од агенцијата преку која сум вработен или пак големците од фирмата. Од агенцијата пак се јавив и ми велат дека тоафирмата треба да ме извести зошто сум добил отка. Сега јас не знам што ќе правам останав без работа“, рече Санде Стојанов.
Од агенцијата за односи со јавност на фирмата на Рој, велат дека Стојанов не ја извршувал чуварската работа како што треба.
„Минатата недела исчезнаа 200 литри нафта во сопственост на Млекарница Сахара Македонија. Тогашниот вработен Стојанов беше повикан на разговор и беше побарано да даде одговор и објаснување за инцидентите поврзани со неговите работни обврски. Истиот немаше никакво објаснување. Неможноста да даде издржан одговор, ја спречи компанијата да го пронајде вистинскиот сторител и виновник за исчезнувањето на нафтата“, пишува во соопштението од фирмата.
Стојанов пак вели дека дури останувал и прекувремено на работа, чесно ги извршувал задачите, а во моментот кога се случил инцидентот бил далеку од местото за да може да го забележи крадецот. Се сомнева дека поради тоа што пред неколку месеци даде изјава за медиумите за тоа како работи фирмата, сега добива отказ.
„Мислам дека причината е таа, а тоа ми го рече и преведувачката Марија, која вели дека ми се лути за изјавата. А јас тогаш кажував како работи фирмата, но не реков ништо лошо. Напротив, се најубаво кажав за неа, кажав дека ме вработија, дека редовно земам плата, дека се очекува да се сеат житните култури и да дојде механизацијата која треба да ја обработува земјата“, рече Стојанов.
Инаку Сахара Груп го вработи Стојанов откако медиумите ја објавија приказната за бедата на седумчленото семејство кое зимово доби принова. Платата која ја земаше таткото беше доволна за преживување зимово. Со отказот сега ова семејство не може да го земе ниту детскиот додаток на кој се надеваше./Б.Н.