Воз удри автобус полн со патници на пругата Велес – Штип
Несреќа се случила на преминот преку пругата во близина на селото Сарамзалино. Утринскиот патнички воз кој сообраќа на пругата од Велес кон Штип удрил во автобус полн со патници. До овој момент во болницата во Велес се донесени 16 повредени патници. Од нив тројца се во критична состојба и се подготвуваат за транспорт на клиниките во Скопје. Меѓу полесно повредените е и трудница во поодмината бременост. Во Штипската болница се упатени четворица патници. Сите тие се возеле во автобусот.
Според првичните информации на повредените патници несреќата се случила кога автобусот преминал преку железничкиот премин во момент кога рампата била спуштена и работеле сигналните уреди кој предупредувале на доаѓањето на возот. Пред автобусот поминал автомобил и тоа го охрабрило возачот на автобусот.
Екипа на Дума.мк е на местото на несреќата.