Првиот асфалтен слој на делницата од патот Велес – Лозово до крајот на годината
Интензивно се работи на реконструкција на магистралниот пар Велес- Штип. Моментално се проширува втората делница во должина од девет километри. Инвестицијата чини 6,5 милиони евра. Инаку патот од Велес до Штип е во купна должина од 23 километри и неговата реконструкција Владата ќе ја чини 15 милиони евра.
Увид во градежните работи денеска направи министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски.
„Патната инфраструктура на Источна Македонија добива нов лик. Патот се проширува до 11 метри и ќе се вози на три коловозни ленти. Инаку овој пат беше стар педесетина години и беше едно од главните барања на граѓаните од источна Македонија, рече Миле Јанакиевски, министер за транспорт и врски.
Реконструкцијата на патот од Велес до Штип започна во мај годинава и според планиреаните активности првиот слој асфалт треба да биде ставен до крајот на годинава. Целосно ќе биде готов наредната година.
„Рокот за завршување на оваа делница е 18 месеци. Почнавме некаде о мај годинава и асфалтот, оној првиот слој треба да биде ставен годинава, рече Љупчо Ѓеорѓиевски, ракоодител на Агенција за државни патишта.
Истовремено со изградбата на оваа делница, интензивно се гради и автопатот Скопје – Штип. Изградбата на магистралниот пат Велес – Штип ќе значи поголем економски развој како и побрзо и побезбедно патување на граѓаните од Источна Македонија. /Д.С