Се асфалтира втората делница на магистралниот пат Велес-Штип
Моментално се асфалтира втората делница, а кон крајот на неделава ќе се отпочне и со третата фаза. Ќе се асфалтираат десетте километри од селото Сарамзалино до Кадрифаково. Од Јавното претпријатие за државни патишта велат дека според динамиката на градежните работи, патот со најмногу црни точки ќе биде готов до крајот на наредната година.
„Избрана е компанија и планираме камен темелникот да се става некаде кон крајот на оваа недела или најдоцна наредната недела, така да се очекува некаде до крајот на 2015-та година оваа магистрална делница да биде готова,“ рече Љупчо Ѓорѓиевски, директор на ЈП за државни патишта.
Магистралниот пат Велес-Штип почна да се реконструира летово. Од пат со најмногу црни точи, широк шест метри треба да прерасне во магистрала со четири коловозни ленти, широки над 11 метри./Д.С