(ОБНОВЕНО) Загинатата жена во сообраќајката кај Сарамзалино најверојатно е од Виница
Жаклина А. (36) од Виница е жената која загина во сообраќајната несреќа што се случи синоќа на патот Велес-Штип, кај Сарамзалино. Информацијата сеуште не е потврдена од СВР Штип.
Таа според неофицијални информации седела на совозачкото место, во автомобилот „хјундаи“ со штипски регистерски ознаки кој бил управуван од кочанчанецот Д.К (38). Автомобилот во возење во правец од Штип кон Велес, на свиок кај Сарамзалино, изгубил контрола и се превртел на покрив .
Жената починала на лице место. Полицијата на местото на несреќата извршила увид./У.Ј
10:00 – Во несреќата што синоќа се случи на патот Велес – Штип, кај селото Сарамзалино, околу 21.45 часот загина жена. Таа починала на лице место на сообраќајката и сеуште се утврдува нејзиниот идентитет, информираа утринава од СВР Штип.
Жената била сопатник во автомобилот марка Хјундаи со штипски регистерски таблички, кој се превртел и завршил на покривот. Таа немала кај себе документи за лична идентификација. Нејзиното тело е предадено на обдукција. Од резултатите на обдукцијата ќе се утврдува идентитетот на загинатата.
Според полицијата возилото го управувал 38-годишниот Д.К од Кочани и засега нема информации за евентуални повреди.
Сообраќајката во која возилото кога се превртело, во движење на релација Штип – Велес, се случила на благ свијок на патот на кој се изведува реконструкција. Патот, според полицијата, е прописно обележан.
Првично проценетата штетата на возилото изнесува 100.000 денари./У.Ј