Во општина Лозово гласале 1.630 граѓани односно 79,36 % од вкупниот број на гласачи

Објавено на 12 декември, 2016 во 13:49

На вчерашните предвремени парламентарни избори во општина Лозово гласале вкупно 1.630 граѓани или 79,36 проценти од вкупниот број гласачи евидентирани во избирачкиот список. И тука предноста во гласови е на контото на ВМРО ДПМНЕ. За неа гласале 878 граѓани или 53,87 проценти.

Нешто помалку од триста гласа има СДСМ, за неа гласале 587 граѓани или 36 проценти од вкупниот број на гласачи. Многу помалку гласови добиле партиите од албанскиот блок. За ДУИ гласале само 5, додека за ДПА десет граѓани. За Коалицијата за промени и правда гласале 8 жители на оваа општина, а за Либералната партија шест. Коалицијата ВМРО за Македонија ја добила довербата на 45 граѓани или 2,76 проценти, додека пак Левица освоила само седум гласови./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.