„Мрдни со прст“ и во Општина Лозово
Со цел за подигнување на свеста за штетноста од електричниот и електронскиот отпад, Организација на жените на Општина Свети Николе и Организација на жени на Општина Лозово спроведоа акција и повторно укажаа за важноста на собирање на електронски и електричен отпад под наслов „Собирај и добиј“. Овој пат Акцијата се оддржа пред Здружението на пензионерите на Општина Лозово.
– Ни причинува чест да соопштиме дека граѓаните на Општина Лозово беа продуктивни во излезеноста и инволвирањето во акцијата. Се вклучија 30 семејства од Општина Лозово, поточно пет од нив беа од село Милино и три од селото Дорфулија. За собирањето на електричен и електронски отпад од домаќинствата и институцие во Општина Лозово организаторите претходно спроведоа доволно подготвителни активности за вака успешната акција, рече Лорета Петровска, лице за Односи со јавноста на Организација на жени на Општина Свети Николе.
При реализацијата на акцијата особен придонес дадоа ЈКП Комуналец на Општина Лозово, како и волонтерите на нашата партнер организација Доброволно Противпожарно Друштво Свети Николе кои со службено возило го транспортира целиот отпад од домовите на граѓаните до дворот на Здружението на пензионери на Општина Лозово.
Во акцијата беа собрани стари фрижидери, ладилници, пегли, машини за перење, фенови, ваги, ТВ апарати, компјутери, телефони и слично. Акцијата имаше четиричасовно ефективно време. Со неа беа размрдани прстите на територијата на Општина Лозово. При тоа беше собран сиот пријавен отпад па и повеќе од тоа, поточно отпадот што претходно граѓаните го немаа пријавено. Тие директно го донесоа електричниот и електронски отпад на собирниот пункт пред Пензионеркиот дом.
По неуморната работа беше реализирана и наградна игра со најсреќни добитници кои дома си отидоа со по еден електричен апарат за користење во домаќинство.
– Се ова е уште едно признание за граѓанската организација која ја поттикна граѓанската свест наместо да создава депонии од електрични апарати и отпад да учествува во акции со кои се спречува загадувањето на животната средина или се води поголема грижа за неа, рече Петровска.
Акцијата е само една од веќе поддржаните од иницијативата „Мрдни со прст“./У.Ј