Загина возач на „шкода“ на регионалниот пат Штип – Велес, кај селото Црнилиште

Објавено на 30 март, 2018 во 18:16

Во директен судар што денеска се случи на регионалниот пат Штип – Велес, во близина на раскрсницата кај село Црнилиште загина едно лице. Таму се судриле автобус со велешки регистарски таблички и „шкода“ со скопски регистарски таблички, кои се движеле во спротивни правци.

Во несреќата, што се случила околу 14 часот, на лице место животот го загубил возачот на автомобилот „шкода“. Засега не е утврден неговиот идентитет.

Увид на лице место направила екипа на полициската станица во Свети Николе и Основен јавен обвинител од Свети Николе.

Според АМСМ сообраќајката била причина за целосен неколку часовен застој на сообраќајот на магистрален пат Штип-Велес во правец кон Штип додека во спротивна насока сообраќајот се одвивал по една коловозна лента./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.