Граѓанскиот активизам ги сплоти жителите на општина Лозово
Маалските акции се уште еден показател дека со мали чекори се создаваат големи дела. Жителите на општина Лозово преку граѓански активизам и пријавување на конкурсот за маалски акции оспособија фонтана и хортикултурно и партерно уредија простор кај повеќе наменското асвалтно игралиште. Пред почетокот на акцијата граѓаните ги исчистија двата простори и поставија капка по капка ситем за наводнување на жардињерите.
– Оваа акција на „Мрдни со прст“ со задоволство ја прифати населението на општина Лозово. На распишаниот конкурс за локални акции предложивме три апликации од која оваа беше избрана, односно оспособување на фонтаната и уредување на едно убаво естетско катче каде ќе уживааат и младте но и повозрасните. За да биде целсоно успешна акцијата, соработка воспоставивме со локалната самоуправа, комуналното претпријатие, училиштето со што поттикнавме граѓански активизам за една визија да стане цел. Би додала дека сум презадаоволна од граѓаните, како во работна акција така и од нивнта донација и посветеност кон оваа локална акција, рече Марија Моневска претцедател на организација на жените на општина Лозово.
Овој вид на локални акции потврдуваат дека се прифатени од граѓаните кои прават голем чекор во подигнувањето на квалитетот на живот во локалната заедница. Тие даваат придонес за околината и создаваат поубаво место за живот.
Овие локални акции кои се дел од проектот „Мрдни со Прст“ ги релизира Организација на жените на општина Свети Николе. Започнаа минатата сабота со маалска акција во Штип, продолжија денес во Лозово и ќе завршат во Свети Николе до крајот на месец мај. Во исто време граѓаните за прв пат беа запознати за овој вид иницијативи кои потекнуваат од јавниот повик во рамките на иницијативата на „Мрдни со Прст“ и преку кои се решаваат локални проблеми на поголем број на граѓани.
Лорета Петровска