Вработени во Општина Лозово дел од мобилен тим за помош на сите стари и изнемоштени лица и лица со посебни потреби

Објавено на 17 март, 2020 во 17:43

mobilentim fin

Мобилниот тим е формиран во неделата, на 15 март, поради новонастанатата состојба и подигнатиот степен на подготвеност и превенција во справување со корона вирусот.

Секој граѓанин од овие ризични категории со потреба од помош при набавка на потребни лекарства, прехрамбени производи и средства за хигиена ќе може да се јави секојдневно на телефонски броеви: 078/ 235-136, 071/ 586-656 и 032/458-458.

Според Зоранчо Трајчев, кој е еден од тројцата вклучени во Мобилниот тим на Општина Лозово, штом биде примено барањето преку телефон ќе биде упатено лице од мобилниот тим во домот на повикувачот за да ја прими нарачката и парите со кој ќе се набават потребните продукти за потоа да ја достави до нарачателот кому ќе му биде испорачана и фискалната сметка./У.Ј

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.