(ВИДЕО) Отворена градинката „Срцко“ во Лозово
11.12.2020
Градинката „Срцко“ има капацитет да згрижи 32 деца, поделени во две групи. За нејзина изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика, инвестираше средства во износ од околу 13 милиони денари. Градинката е објект кој е граден по светски стандарди, со енергетски ефикасна фасада и објект кој ќе овозможи пријатен престој на децата и возрасните.
Градинката ја отворија Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпанска и Градоначалникот Ацо Велковски.
Министерката изрази големо задоволство што токму на Светскиот ден на човековите права, 10 декември, отворањето на новата градинка е во знак на почитување и вреднување на еднаквоста на сите граѓани во нашата држава, вклучително и децата.
Градоначалникот на Општина Лозово, Ацо Велковски, истакна дека отворањето на детската градинка е решавање на децениски проблем на жителите на оваа општина, за предучилишно воспитание и образование на нивните деца, во местото каде живеат. Притоа ја истакна важноста и во поглед на развој на општината, како рурална средина и можностите кои се отвораат за развој на раниот детски развој на децата, кој е од големо значење за понатамошниот развој како личности.
Министерката Шахпаска потенцираше дека Министерство за труд и социјална политика продолжува со инвестициите во раниот детски развој, преку отворање на нови градинки и зголемување на опфатот на деца во нив, со цел исполнување на Владината програма место за нови 7500 деца во нив, до крајот на мандатот.
Таа на вработените во градинката им посака успех во работата и им порача да работат посветено и одговорно затоа што од нивниот ангажман и вложување во вистинска едукација на младите ја остваруваат својата мисија.
Убавка Јаневска