Лунарна вечер во Неготино: Младите ја набљудуваа Месечината преку телескопи

Објавено: 11 септември, 2025, во 12:20 часот

Во Неготино беше реализирана Лунарна вечер беше реализирана во организација на регионалното еколошко друштво „Ековита“ од овој град каде со помош на телескопи, млади ја набљудуваа Месечината.

– Традиционално, имавме уште една прекрасна ноќ под ѕвездите. Во амфитеатарот во паркот кај споменикот во Неготино организиравме уште една лунарна вечер, младите со помош на телескопи ја гледаа Месечината одблиску, со јасни кратери и во нејзиниот полн сјај. Опремата е обезбедена преку проектот „МладиХаб“, спроведен од Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и Stella Network, со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје, појаснија од „Ековита“.

Активноста беше поддржана и од Општина Неготино.

– „Ековита“ продолжува да го поврзува младинскиот ентузијазам со науката и природата, истакнаа од овој регионален еко центар.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.