Мајка и ќерка од Велес, за меѓусебно тепање, се пријавиле во полиција

Објавено на 2 декември, 2024 во 16:40

Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес вчера вечер, во 19:15 часот ја лишиле од слобода З.Н.(29) од Велес, постапувајки по претходна пријава од нејзината 56-годишна мајка дека во семејниот дом физички била нападната.

Исто така, и З.Н. пријавила дека по претходна расправија била физички нападната од нејзината мајка.

Од СВР Велес соопштија дека за настаните бил известен Јавен обвинител, Центарот за социјални работи Велес и по документирање на случаите ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.