Малолетен кавадарчанец крадел низ Велес
Објавено на 13 февруари, 2023 во 14:18

Седумнаесет годишник од Кавадарци во период од 10 до 12 февруари, годинава, на подрачјето на Велес извршил пет тешки кражби и шест тешки кражби во обид. Од Сектор за внатрешни работи Велес инфомираат дека дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственици.
Инаку, кавадарчанецот бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа малолетнички затвор Тетото поради бегство од затворот, по кражбите лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната.
По целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Стефани Манева
