Малолетничката од Велес, којашто ја бараше таткото и полицијата, пронајдена е и вратена дома
Објавено: 21 декември, 2025, во 11:38 часот
Вчера попладне, во 14:30 часот, полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Кочани ја пронашле малолетничката А.Ј.Н.(13) од Велес, за која на 19 декември, годинава, нејзиниот татко М.Н.(50) од Велес, пријави дека девојчето излегло и не се вратило дома.
„Во консултација со јавен обвинител и во присуство на претставник од Центар за социјални работи Велес, малолетничката била предадена на нејзината мајка,“ соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


