Малолетник физички нападнат од тројца врсници во Клуковец, велешко
Објавено: 15 септември, 2025, во 11:10 часот
Малолетно лице било физички нападнато од тројца други малолетници во село Клуковец, велешко, информираат од Секторот за внатрешни работи Велес.
Според дневниот билтен, на 14 септември околу 20:00 часот, триесет и девет годишниот Р.И. од село Сливник пријавил дека неговиот малолетен син бил нападнат од група врсници.
Од СВР Велес велат дека се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.
Стефани Манева

