Малолетник од Горно Оризари со мотоцикл удрил во полицаец и службено возило
Објавено: 9 јули, 2025, во 10:08 часот
Половина час по полноќ, вчеравечер, во просториите на СВР Велес бил извршен службен разговор со малолетно лице од село Горно Оризари, при што присуствувал негов родител и претставник од Центарот за социјални работи Велес.
Поточно, во истото село, малолетникот управувајќи мотоцикл без регистарски таблички, одбил да застане на знак од полициски службеници кои извршувале службени задачи. При тоа, удрил во еден од полицајците, а потоа и во паркирано патничко возило марка „Шкода“, сопственост на Министерството за внатрешни работи. По судирот, малолетникот избегал од местото на настанот.
Брзата интервенција на полицијата резултирала со негово пронаоѓање, а за случајот веднаш бил известен јавен обвинител.
Мотоциклот е одземен, а по целосно документирање на настанот, против малолетното лице ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Дума.мк


