Малолетник од Кавадарци украл паричник од жена

Објавено на 29 ноември, 2023 во 10:17

Малолетник од Кавадарци се сомничи дека вчера, околу 12:15 часот во слаткарница во Кавадарци и го одзел паричникот на педесет и шест годишната Б.Т од Кавадарци. Полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци, по два часа го лишеле од слобода и одземениот паричник бил пронајден по што и бил вратен на кавадарчанката.

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека со малолетникот, во полициска станица, во присуство на родител и адвокат за малолетници, бил извршен службен разговор.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.