Маневски потврди “има почеток на ново загадување на езеро Младост“ и соопшти оптимистички информации за спас на акумулацијата (видео)

Објавено: 5 март, 2026, во 12:11 часот

На езеро „Младост“, во Отовички залив, повторно се појавија количини на загадување кое минатата година ја зароби езерската површина поточно мртва растителна или пивтиеста маса и сунѓерести наслаги, потврди за Дума.мк директорот на државното ЈВП „Лисиче“, Ване Маневски. „Пред ситуацијата не треба да замижуваме но јас не можам да зборувам повеќе бидејќи тој дел не е во ингиренции на институцијата која што ја раководам,“ рече Маневски и додаде дека сега врвен приоритет којшто би го сопрел понатамошното повторување на еколошкото загадување сепак е чистењето на речното корито на Отовичка река од фекално загадување.

„Сепак се работи на санација на еколошкиот проблем и што побрз спас на велешко езеро,“ додаде Маневски. ЈВП „Лисиче“ по расчистувањето на езерскиот брег од трска, седимент и алги, што за прв пат се случи од изградбата на велешко езеро, вчера, го распиша тендерот за изведба на предвидените бушотини, по една во Отовичка и во Рудничка река, од кои се очекува да дадат првични количини на свежа вода за полнење на акумулацијата и за подобрување на квалитетот на водата во „Младост“. Тоа што е особено значајно е што има и решение за санирање на темелниот затворач на браната на велешката акумулација и што наскоро ќе се реализира, додава Маневски.

„Постои надеж дека езеро „Младост“ може да се спаси. Позитивни се и информациите поврзани со доизградбата на преостанатите 6,3 километри од цевководот кои ќе донесат свежа водата од акумулацијата на Хидросистем „Лисиче“ до велешко „Младост“, рече Маневски. Иако беше крајно претпазлив и јавно не сакаше да ги соопшти информациите од Владата со кој тој располага, се оптимистички. Има можности изградбата да започне но и да заврши до крајот на годинава.

Маневски ги истакна заложбите на Владата кои му даваат надеж како нему така и на останатите институции дека изгледите за брз спас на езеро „Младост“ се возможни. Државата знае колку им е значајно  велешко езеро на велешани и настојува да им го врати ова рекреативно место што поскоро, констатираше директорот на ЈВП „Лисиче“.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.