Маж од Бузалково лишен е од слобода за оружје и пукање од автомобил во движење
Објавено: 29 јули, 2025, во 13:39 часот
Полициски службеници на Одделението за криминалистичка полиција Велес, вчера попладне, го лишиле од слобода А.Џ.(25) од село Бузалково, велешко.
„При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава“, пиштол „АГ-9“ и 100 парчиња огномет. Исто така, тој се сомничи дека претходниот ден во село Горно Оризари, велешко, додека се движел со патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, преку отворен прозор испукал еден истрел со пиштол. А.Џ. е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


