Маж од Иванковци приведен со 2,84 промили алкохол на патот Штип–Велес

Полициските службеници од СВР Велес и ОВР Неготино привеле двајца возачи за управување возило под дејство на алкохол.
Педесет и четири годишниот кавадарчанец Ѓ.С бил запран утрото во 10:00 часот на улица „Маршал Ттио“ во Неготино и при контрола било констатирано дека тој го управувал возилото „фолксваген кеди“ под дејство на алкохолм поточно со 1,90 промили алкохол во крвта.
Неколку часа подоцна, поточно во 16:40 часот, на регионалниот пат Штип-Велес, во близина на крстосницата кај село Мамутчево, велешко, бил лишен од слобода триесет и четири годишниот В.М од село Иванквоци. При контрола, полициски службеници констатирале дека тој го управувал возилото „фолксваген голф“ со 2,84 промили алкохол во крвта.
-Тие се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настаните, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.
Убавка Јаневска


