Маж од неготино физички ја нападнал неговата малолетна ќерка

Објавено на 28 јуни, 2024 во 15:09

Полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Неготино, вчера, во 20:40 часот го лишеле од слобода четириесет и три годишниот Н.М од Неготино.

-Тој бил пријавен дека во семејната куќа а потоа и во дворот од семејната куќа во Неготино физички ја нападнал неговата малолетна ќерка, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.

Н.Н. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.