Маж возејќи велосипед кон езеро „Младост“, паднал и се здобил со скршеница на рака
Објавено на 27 март, 2023 во 13:42
Дваесет и осум годишниот А.Ѓ од Скопје, возејќи велосипед на крстосницата од улица „Вардарска“ со регионалниот пат Р1102, кој води од Велес до Езеро „Младост“, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Тој се здобил со тешки телесни повредни констатирани во Општа болница Велес.
-Пациентот имал скршеница на рака и по направените прегледи префрлен е на Трауматологија во Скопје, рече портпаролката на велешка болница, др Елена Левкова Ќулумова.
Од Сектор за внатрешни работи Велес соопштија дека по овластување на Јавен обвинител, увид извршила нивна екипа.
Стефани Манева