Меѓуопштински Центар за социјални работи Велес со нов в.д директор

Објавено: 10 ноември, 2025, во 15:37 часот

Со решение на Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, за вршител на должност директор на Меѓуопштински центар за социјални работи Велес именуван е Бобан Нецинов.

Нецинов е дипломиран социолог со 18 годишно работно искуство и е внатрешно решение, од вработените во институцијата. Тој првото вработување во институцијата го имаше во Дневниот центар за лица со посебни потреби, потоа работеше во уште неколку оддели на велешкиот Центар додека сега, на раководното место доаѓа по претходно унапредување во советник.

Нецинов ја наследи досегашната в.д директорка Нада Трајкова којашто во изминатиот период во два последователни мандати ја вршеше функцијата.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.