Метеопрогнозерот Поповски: Доаѓа најавената промена на времето!

Рано летните температури, слични на оние кои ги имавме во изминатиов период ќе се задржат денес и утре,понеделник 5 мај. Времето ќе биде сончево со појава на умерена локална облачност, а повремено ќе засилува и ветерот од западен и од југозападен правец, особено во западните предели, соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.

„Сепак, утре, понеделник, 5 мај, ќе ја почувствуваме промената на времето и веќе од вторник, 6 мај, па понатаму во деновите на наредната недела. Поточно,во вторник, во попладневните часови ќе се создаваат услови за изолиран развој на грмотевични облачни јадра од кои се очекува појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
И во Скопје и околината денес и утре ќе се задржат рано летните температури на воздухот со тоа што во понеделник, во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмотевици. До вечерва, следува детална метео анализа околу промената на времето кое не очекува од вторник, 6 мај, потоа, додава Поповски.
Дума.мк
