„Милман“ одбележа 40 години творештво во родниот Велес, јубилејна изложба на карикатури во Ликовен салон (фото и видео)

Објавено: 18 септември, 2025, во 12:47 часот

На врвната карикатура не и се потребни преведувачи и толкувачи, визи или пасоши да ги преминува границите. Тоа одамна го докажа творештвото на велешкиот и македонски карикатурист Миле Манчевски кој со право се наоѓа на листата на Македонски културни амбасадори. Избор од четири децениско творештво на „Милман“, вчера вечер, беше изложено во Ликовен салон во Велес. Со него врвниот карикатурист одбележа 40 години творење.

„Манчевски е дел од врвните мајстори на македонската карикатура. Тој заедно со Остен, Светската галерија на карикатури, Пецко, Дарко Марковиќ, Ане Василевски и Васил Толевски, “ рече Мице Јанкуловски македонски сликар, аниматор и карикатурист на свеченото отворање на изложбата „Милман – 40 години карикатури“.

Што претставува карикатурата денес и значењето на Миле Манчевски за македонската карикатура најсуптилно го објасни Корнелија Конеска, извршен директор на „Остен“.

На свеченото отворање на изложбата Ангел Коруновски, скулптор и директор на Народен музеј Велес ја истакна пораката што преку своето творештво ја испраќа Миле Манчевски до граѓаните и општеството во коешто живее и работи.

Авторот, познат на македонската и на пошироката европска и светска културна јавност, во за него препознатлив стил прво раскажа досетки од почетоците на творештвото во 80 тите години на минатиот век за потоа да ги наброи сите досегашни градови и држави во светот каде се отпатувале создадените карикатури потпишани со псевдонимот „Милман“ од богатиот четири децениски опус.

„Милман“, вчера вечер, во Ликовен салон Велес изложи 60 од вкупно создадени над 5 000 карикатури. Љубителите на овој вид уметност имаа можност да ги видат само изложените карикатури од последните 15 Меѓународни изложби ширум светот.

Убавка Јаневска

Фото галерија:

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.