Министер Мисајловски: Македонската Армија нуди услови и можности за заокружување на меѓународни вежби од „Центар“ во Велес и на терен во „Криволак“ (видео и фото)
Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и Н.Е Амбасадорката на Канада во С.Македонија, Мишел Камерун денеска на Денот за високи гости присуствуваа во Центарот за симулации во Командата за обука и доктрини во Велес. Високите гости учествуваа во свеченото затворањето на меѓународната вежба „Maple Arch 24“ која се реализира во нашата држава во изминатите 11 дена, поточно од 25 ноември, годинава.
Високите гости прво го посетија Центарот за симулации во кој се запознаа со активностите и изведените воено вежбовни активности на полигон „Криволак“, командувани токму од овој Центар во Касарна „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес. Нив ги информираа воените штабови на земјите учеснички на вежбата започнувајќи од домаќините,војници на АРМ како и останатите припадници на вооружените на Канада, Полска, Литванија, Украина и Грузија.
Министерот Мисајловски и Н.Е Амбасадорка на Канада Мишел Камерун дада изјава за медиумите.
„Maple Arch 24“ е меѓународна вежба на која учествуваат околу 600 припадници од четири сојузнички и две партнерски армии. Покрај припадниците на македонската Армија, учество земаа и припадниците на вооружените сили на Канада, Полска, Литванија, Украина и Грузија. Станува збор за компјутерски асистирана вежба, комбинирана со теренски активности кои се одвиваат истовремено на армискиот полигон „Криволак“. Вежбата е спонзорирана и поддржана од страна на Директоратот за воена обука и соработка на Вооружените сили на Канада.
Убавка Јаневска