Министер Мисајловски од Велес: Комплетно се реконструираат објекти во македонските Касарни (видео и фото)
Објавено: 20 јули, 2026, во 15:31 часот
Од приземје до покрив се реконструира една зграда во Касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес. Тоа е нејзина прва реконструкција од формирањето на АРМ. Зградата е на три ката со корисна површина од по 120 м2 на кат или вкупно 360 м2. По заменетите прозори овој објект ќе добие и нови врати, електрична, водоводна, одводна инсталација, додека училниците нови патоси и мебел. За комплетната реконструкција, министерството одвои 11 милиони денари. Ќе се обезбедат дополнителни средства и за реконструкцијата на покривот. Исто така, војниот објект во Отовица наскоро добива нова водоводна линија преку која се поврзува со цевководот на хидросистел „Лисиче“. Ова го соопшти при денешната посета на велешката Касарна, која е Обучен центар, Владо Мисајловски – министер за одбрана.


Освен во велешката, годинава, на реконструкција ќе подлегнат и објекти во други Касарни на АРМ во државата за што се обезбедени 3 милиони евра додека вгодина министерството за одбрана планира да вложи нови 12 милиони евра во подобрување на условите во воените објекти или во инфраструктура. Министерот додаде:
Освен во подобрувањето на инфраструктурата, министерот Мисајловски, повтори дека се работи и на Нов Колективен договор во одбраната согласно кој што ќе се зголемат платите на војниците.



При денешниот увид во реализацијата на градежните работи во објектот на велешката Касарна на министерот Мисајловски домаќин беше бригаден генерал Лулзим Нуредини командант на Командата за одбрана и доктрина.
Убавка Јаневска


