Млад велешанец подели 900 оброци на сограѓани на Бадник
Објавено: 6 јануари, 2026, во 15:12 часот
Велешанецот Лучијано Чорев и годинава подели бадникови оброци за своите сограѓани кои беа случајни минувачи во центар на Велес, пред поранешна Стоковна куќа „На-ма“. Исто како и минатата година храна за вечерната бадникова трпеза имаше и за граѓани на кои им беше неопходна.
Колешката Божана Ќулафкова од Радио „Голди“ разговараше со Чорев зошто е хуман и сака вечерва на Бадник да има посна трпеза во сечиј дом во Велес.
Денешната убава глетката кога млад сограѓанин подарува храна нека биде мотивирачка за што поголем број Велешани. Вакви хумани гестови, за одредена ранлива категорија сограѓани, потребна е скоро секојдневно. И особено значајна кога се слават празници, меѓу нив и најголемите како Божиќ и Велигден кога нетреба празна да остане трпезата во ниту еден дом!
Дума.мк


